MУЗИКА


ФИЛМОЈ



ЕМИСИИ

МАГАЗИН KND




.......КРУШЕВСКИ МАНИФЕСТ

..............Браќа земљаци и мили комшии!

Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познајници от хубавото Крушево и неговите китни села, без разлика на вера, народност, пол и убежденија, не можејќи веќе да трпиме тиранијата на жедните за крф и гладните за чоечко месо муртати, шчо гледаат и нас и вас да дотерат до нош, и нас и вас да дотераат до питачки стап и нашата мила и богата земја Македонија да заприлегат на пуста пустиња, денеска дигнафне глава и решифне со пушка да се браниме от тие наши и ваши душмани и да добиеме слобода.
Вие мошне арно знајте оти ние не сне лоши и разбирате оти от мака си ја кладофне главата в торба, за да заживејме како браќа на оваја земја, ние ве имаме како сфои и сакаме до крај да останиме сфои.

Ние не дигнафне пушка протиф вас - това би било страм за нас; ние не дигнафне пушка протиф мирнио, трудољубивио и чеснио турски нарот, шчо се прерануат, како нас со крваф пот - тој јет наш брат и со него сне живејале и пак сакаме да живејме; ние не излегофне да колиме и да грабиме, да палиме и да крадиме - доста ни сет зулумите на безбројните деребеи по нашата сирота и окрвавена Македонија; ние не излегофне да порисјанчуваме и да бесчестиме вашите мјаки и сестри, жени и ќерки; требит да знајте оти вашио имот, вашио живот, вашата вера и вашата чес ни сет толку скапи, колку шчо ни сет скапи нашите. Анџак, за да си завардиме имото, живото, верата и честа, ние сне зеле пушка.


gg
...
............................I`am Macedonian
gg
Странци изведуваат македонски песни
Збирка на десеттина феноменални изведби на македонски песни препеани од странци, кои ја исполнуваат душата на секој Македонец. Кој вели дека само ние пееме странско?


..................................................... ........
Website counter
.........................................................Број на посетеност